|
|
|
|
|
ЗАШТИТЕН АМБЛЕМ НА КАТЕДРАТА ЗА БОТАНИКА И ДЕНДРОЛОГИЈА |
|
|
 |
|
Во насока на остварување на новите препораки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во духот на начелата на развиените европски и американски универзитети, катедрата за ботаника и дендрологија при Шумарскиот факултет во Скопје (ШФС) во мај избра свој заштитен амблем. |
|
Од петте изработени амблеми, членовите на Катедрата и на ШФС, но и студентите и многумина шумарски работници, го избраа за најсоодветен заштитниот амблем осмислен од авторите инж. Бојан Симовски, помлад асистент на Катедрата и Благој Николов, студент во втора година на студии на насоката озеленување и унапредување на животната средина и член на ДРЕН - здружение на студентите на Шумарскиот факултет во Скопје. |
|
Во централниот дел на амблемот е прикажано дабовото дрво, кое ја отсликува Македонија како земја на дабовите (поради големиот број на дабови кои се природно застапени во нашата земја), односно тесно ја поврзува Македонија со овие исконски дрвја кои имаат и религиозно значење за нас, а на венецот во долниот средишен дел е поставен дабовиот плод – желадот. |
|
Изработката на заштитниот амблем на Катедрата за ботаника и дендрологија претставува пионерски и значаен чекор на Шумарскиот факултет во Скопје, но и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |
|
Подготвил: Благој Николов, ДРЕН
11.05.2010
|
|
|
|
|
|