|  |  |  | 
					
						
							|  |  
							|  |  
							| BITOLA IN THE BLOOM 2013: УКИМ-ШФС ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ЗА ЦВЕЌЕ ВО БИТОЛА |  
							|  |  
							|  |  
							| Од  17 до 19 мај во градското јадро на Битола се одржа саем на цвеќе и хортикултура. |  
							|  |  
							| Шумарскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ-ШФС), на покана и во организација на Здружението за туризам, екологија и претприемништво БРЕНД Битола, зеде активно учество во овогодишниот повеќедневен настан за подигање на свеста за здрава животна средина и поттик за иновативност и бизнис клима во секторот на хортикултурата „Bitola in the Bloom 2013“. |  
							|  |  
							| Покрај презентациите од областа на декоративните растенија и урбаната дендрологија, претставени од проф. д-р Јане Ацевски, раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија на УКИМ-ШФС, големо внимание привлекоа и предавањата „Цветните растенија низ историјата“ на проф. д-р Јасминка Ризовска Атанасовска од Катедрата за проектирање и подигање на зелени површини на УКИМ-ШФС и студентската група за време на цветните работилници и трибините на тема хортикултура, озеленување и сл. |  
							|  |  
														|  |  
							|  |  
							|  |  |  |  |     |  |