ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток ~ вести, збиднувања...
ЗСШФ ДРЕН: ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ „ДЕНДРОПАРК - ПОЛИГОН ВО ПРИРОДА“
Проектот е во реализација на ДРЕН - Здружението на студенти на Шумарскиот факултет во Скопје, финансиски поддржан од Град Скопје, со експертска и логистичка поддршка од УКИМ Шумарски факултет во Скопје и општина Гази Баба.
Проектот „Дендропарк - полигон во природа“ опфаќа заемна работа на студенти, раководени од своите ментори, преку осмислување и изработка на предметно-показен полигон и негово поставување во дендропаркот при УКИМ Шумарски факултет во Скопје, со што ќе придонесе студентите од овој факултет својата неопходна обука да ја извршуваат непосредно и ќе се овозможи тие да се стекнат со (задолжителна) практична настава.
Овој проект, пред сe, е наменет за младата популација, кај која треба да се развиваат и надградуваат еколошката свест и способноста за заедничко дејствување. Како директни корисници вклучени во овој проект се студентите на УКИМ Шумарски факултет во Скопје и средношколците од стручните училиште од областа на шумарството и животната средина во град Скопје.
Проектот вклучува непосредна комуникација со младата популација и токму таа, односно студенти се јавуваат како реализатори на проектните активности. Исто така, пристапот при реализација на проектот опфаќа директен контакт помеѓу важни општествени чинители, односно органи на државна управа, УКИМ Шумарски факултет- Скопје и единици на локална самуправа (општина Гази Баба, град Скопје). Овие институции се во комплексна врска и се надлежни за одржување и унапредување на локациите на случувања во проектот..
Заедничката работа на студентите несомнено ќе придонесе кон подобра кoмуникација на младите од различни краеви, односно градови, но и соработката помеѓу институциите од коишто доаѓаат. Изработката и поставувањето на предметно - показниот полигон ќе придонесе до усовршување на практичната настава на сите студенти од УКИМ Шумарски факултет и стручните училишта од градот Скопје, а истовремено претставува реализација на нивните креативни замисли. Тоа претставува одлична можност да му се понуди на младиот човек едноставен, но значаен начин да ги остварува позитивните идеи.
Проектот се предвидува да биде реализиран до декември оваа година.
Раководител на проектот и претседател на ЗСШФ ДРЕН: Владимир Тановски
Е-адреса:
www.sf.ukim.edu.mk/dren.htm
1.IX 2013
box box