ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток ~ вести, збиднувања...
ЗАВРШНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ДРВЕНИ КУЌАРКИ, КРЕАТИВНО!“
Во изработката на проектот финансиран од Општина Гази баба, а поддржан од УКИМ-ШФС учествуваа студенти-членови на ДРЕН, здружение на студентите на Шумарскиот факултет во Скопје.
На 1 март, во амфитеатарот на Шумарскиот факултет во Скопје се одржа завршна презентација на проектот „Дрвени куќарки, креативно“.
Пред присуство на претставници на управата на УКИМ Шумарски факултет во Скопје и општина Гази Баба, како и пред голем број на гости од струкови институции и организации, студенти и заинтересирани граѓани, свое обраќање имаа раководителот на проектот и претседател на ЗСШФ-ДРЕН, Благој Николов и Марија Стерјовска, студент-член на ДРЕН. Поздравно обраќање имаше деканот на УКИМ-ШФС, проф. д-р Александар Трендафилов, а г-ѓа Александра Димитриевска Аврамовска и г-ѓа Емилија Ѓурчиновска од општина Гази Баба истакнаа дека успесите на ДРЕН се и успеси на Општината, односно заеднички придонес кон унапредување и заштина на животната средина.
Целта на овој проект е облагородување на дендропаркот од аспект на заштита на орнитофауната на паркот и грижа за уникатниот екосистем, како дел од урбаното зеленило на општината Гази Баба, а воедно и на градот Скопје. Дендропаркот, како единствен ваков парк на дрвенести растенија во Република Македонија претставува жива збирка на дрвја, грмушки и ползавци и во моментов брои околу 200 различни видови, поради што се нарекува и урбана планетарна шума. Проектот опфаќа изработка на пет дрвени куќарки за птици кои се поставени во дендропаркот на УКИМ Шумарски факултет во Скопје.
Проектот претставуваше одлична можност за идните шумарски инженери да се запознаат со начинот на подготовка и изработка на проекти и да се стекнат со одредено работно искуство во текот на студирањето.
Овој проект се реализира со помош на средства обезбедени од страна на општината Гази Баба, со стручна и логистичка поддршка од страна на Шумарскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Раководител на проектот: Благој Николов
Фото: Асс. м-р Бојан Симовски

1.III 2012
box box box box
box box box box
box box