|  |  |  | 
					
						
							|  |  
							|  |  
							| XXVI МЕЃУНАРОДНА ШУМАРИЈАДА  „ШУМАРСКА РАЗНОВИДНОСТ“, БРНО, ЧЕШКА РЕПУБЛИКА, 16-21 АПРИЛ 2012 |  
							|  |  
							|  |  
							| Eкипа на Здружението на студенти на Шумарскиот факултет - ДРЕН   Скопје беше во Брно, Р. Чешка, каде учествуваше на 26   традиционални натпреварувања од област на шумарството - „Шумарска   разновидност“. |  
							|  |  
							| Натпреварувањето траеше од 16 до 21 април 2012 година, а учество зедоа студенти по шумарство од регионот и   Европа. Натпреварувањето е составено од повеќе диспциплини, како на   пример: работа со моторна пила, стрелаштво, идентидикација на растенија, дивеч,   инсекти, ориентација во шума и др. |  
							|  |  
							| Екипата ја сочинуваа: Мери Митевска (тим лидер), Владимир Тановски,   Иван Христов и Леонардо Драскачов, членови на ДРЕН и студенти во трета и   четврта година при УКИМ-Шумарски факултет во Скопје. |  
							|  |  
							| Учесниците од нашата земја се покажаа во извонредно светло, особено ако се земат предвид резултатите од идентификацијата и детерминацијата на шумската флора и фауна и работата со моторна пила. |  
							|  |  
							| Целта на ова учество е студентите да се здобијат со поголемо меѓународно   искуство од областа на шумарството, да ги прошират своите познавања и   контакти, да добијат информации за шумарството во Европа, а воедно и   доследно претставување на Здружението, Шумарскиот факултет и шумарството   во Македонија. |  
							|  |  
							| Организатор на овогодинешната меѓународна шумаријада е локалниот комитет на Меѓународната организација на студентите по шумарство (IFSA) од Чешката Република. |  
							|  |  
							|  Подготвил: Владимир Тановски, студент и член на ДРЕН Фото: Мери Митевска, Иван Христов, студенти и членови на ДРЕН
 22.IV 2012
 |  
							|  |  
							|  |  |  |  |     |  |