ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток ~ вести, збиднувања...
XXXII МЕЃУНАРОДНА СТУДЕНТСКА ШУМАРИЈАДА „ШУМАРСКА РАЗНОВИДНОСТ“, БРНО, РЕПУБЛИКА ЧЕШКА, 15-21 АПРИЛ 2018
Eкипа на ДРЕН - Здружение на студентите на Шумарскиот факултет во Скопје беше во Брно, Р. Чешка, кадешто учествуваше на 32. традиционални натпреварувања во шумарството: „Шумарска разновидност“.
Натпреварувањето траеше од 15 до 21 април 2018 година, а учество зедоа студенти по шумарство од регионот и Европа. Натпреварувањето е составено од повеќе диспциплини, како на пример: работа со моторна пила, стрелаштво, идентидикација на растенија, дивеч, инсекти, ориентација во шума и др.
Екипата ја сочинуваа: Мартина Георгиевска (тим-лидер), Ѓорѓи Вивков, Бојан Михајловски и Благој Шурбевски, членови на ДРЕН и студенти во трета и четврта година на УКИМ-Шумарски факултет во Скопје.
Учесниците од нашата земја се покажаа во извонредно светло, особено ако се земат предвид резултатите од идентификацијата и детерминацијата на шумската флора и фауна, инвентаризацијата и работата со моторна пила.
Целта на ова учество е студентите да се здобијат со поголемо меѓународно искуство од областа на шумарството, да ги прошират своите познавања и контакти, да добијат информации за шумарството во Европа, а воедно и доследно претставување на Здружението, Шумарскиот факултет во Скопје и шумарството во Македонија.
Презентацијата за овогодинешното учество на тимот на ДРЕН во ова натпреварување може да ја погледнете со кликнување тука, а за видео-записот тука.
Учеството на членовите на ДРЕН на студентската шумаријадата во Чешка беше поддржано од ЈП „Македонски шуми“, општина Гази Баба, „Синпекс“, Винарија „Стоби“, „Витаминка“, „Кожувчанка“, Градска кафеана „Корнер/Баба Цана“ и др., како и од наставно-научниот кадар на УКИМ-Шумарски факултет во Скопје.
Организатор на меѓународната студентска шумаријада е локалниот комитет на Меѓународната организација на студентите од шумарските факултети (IFSA) од Чешката Република.
Подготвил: Ѓорѓи Вивков, студент и претседател на ДРЕН
22.IV 2018
box box box box
box box box box
box box box box
box box