ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток
ИЗРАБОТЕН ПОСТЕР НАМЕНЕТ ЗА УПИСИТЕ 2010/11 ГОДИНА
КАМПАЊА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2010/11 ГОДИНА
Шумарскиот факултет во Скопје (ШФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на активностите за промоција на оваа наставно-научна институција, единствена од оваа област во Република Македонија, во април годинава изготви промотивен постер. Постерот најмногу ќе им послужи на матурантите, односно идните студенти на ШФС, бидејќи содржи голем број на фотографии што вистински ја отсликуваат работата со младите што се одлучиле да студираат токму на овој Факултет.
Сите фотографии се направени на ШФС, односно во просториите за следење на наставата - лабораториите, збирките, амфитеатрите, дендропаркот, арборетумот и расадниците, или пак за време на изведување на теренската настава и научните собири организирани од страна на ШФС и на студентите.
Промотивниот постер го изработија инж. Бојан Симовски, помлад асистент на Катедрата за ботаника и дендрологија при ШФС (едновремено и автор на фотографиите), Марко Тасевски и Благој Николов, студенти во втора година на студии на насоката озеленување и унапредување на животната средина и членови на ДРЕН - здружение на студентите на Шумарскиот факултет во Скопје. Постерот се печатеше во ЈП „Паркови и зеленило“, благодарение на досегашната долгогодишна успешна соработка помеѓу трите субјекти.
Подготвил: Марко Тасевски, ДРЕН
22.04.2010
box box