ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток
СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИ И МАГИСТРИРАНИ СТУДЕНТИ ВО АКАДЕМСКАТА 2009/2010 ГОДИНА
СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ ЗА ЗАВРШЕНИ ДОДИПЛОМСКИ И ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
На 20 мај во просториите на Шумарскиот факултет во Скопје (ШФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), во рамки на одбележување на активностите за делото на сесловенските просветители и универзитетските патрони, свечено се доделија дипломите за успешно завршените дипломци и постдипломци на Факултетот.
На свеченоста, покрај в.д. деканот на ШФС, проф. д-р Александар Трендафилов, останатите членови на факултетската управа и вработените на ШФС, присуствуваа голем број на гости – проректорот за меѓународна соработка на УКИМ, проф. д-р Моме Спасовски, г-дин Жарко Караџоски, директор на ЈП „Македонски шуми“, претставникот на Инженерската институција на Македонија кој го додели признанието „Инженерски прстен“ што традиционално се доделува на најдобро дипломираните студенти со инженерско звање, а е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, претставници на други институции и организации поврзани со шумарството, како и многубројни стручни лица од областа на шумарството и студентите на Факултетот.
Оваа година беа доделени 81 диплома за успешно завршени додипломски и 4 дипломи за постдипломски, односно магистерски студии.
Подготвка и фото: Пом. асс. инж. Бојан Симовски
20.05.2010
box box box box
box box box box
box box