|  |  |  | 
					
						
							|  |  
							|  |  
							| УКИМ-ШФС: ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС ВО УЧЕБНАТА 2013/2014 ГОДИНА |  
							|  |  
							|  |  
							| Во амфитеатарот бр.17 одржан првиот час на 16.IX 2013 година на УКИМ-Шумарски факултет во Скопје со пригоден говор на деканот проф. д-р Јане Ацевски. |  
							|  |  
							| На 16.09.2013 година (понеделник), со почеток во 10,00 часот, се одржа првиот час во учебната 2013/2014 година со студентите од I година на УКИМ-Шумарски факултет во Скопје. |  
							|  |  
							| По тој повод, пригоден говор одржа деканот на УКИМ-Шумарски факултет во Скопје,  проф. д-р Јане Ацевски, а продеканот за наставни прашања, проф. д-р Николчо Велковски ги запозна бруцошите со условите и предизвиците во текот на студирањето. |  
							|  |  
							| „Вие, почитувани студенти, сте избрале да студирате на најстариот и најреномираниот универзитет во нашата земја, Универзитетот „Св. Кирил и методиј“ во Скопје, а Шумарскиот факултет основан во далечната 1947 година е еден од соосновачите на најквалитетниот македонски универзитет“, им се обрати на студентите проф. д-р Ацевски и истакна дека „покрај традицијата во образованието и науката, оваа година нашиот факултет промовира нови студиски програми, а вие сте веќе дел токму од првата генерација запишани студенти на пејзажно дизајнирање, екоинженеринг и екоменаџмент или на шумарство“. |  
							|  |  
							| Проф. д-р Велковски се осврна на децениската традиција во спроведување на програмите на прв циклус студии по европскиот кредит трансфер систем (EКТС), како и многуте договори потпишани на меѓууниверзитетско и меѓуфакултетско ниво, што им овозможува на студентите широка мобилност на бројни сродни високообразовни институции ширум Европа и пошироко. Понатаму, шумско-опитните објекти, паркови, колекции, расадници и теренската настава за време на студиите ќе им пружат на студентите, покрај теоретската основа, да се стекнат со вистинска практична работа. |  
							|  |  
							| Сосема на крајот, свечено се доделија индексите за студентите кои за прв пат се запишани во оваа учебна година, со искрени желби за успешен почеток на студиите. |  
							|  |  
														|  |  
							|  |  
							|  |  |  |  |     |  |