MKEN

 

    Транснационалниот проект RIMADIMA (Превенција и управување со ризици од природни непогоди во планински/шумски подрачја), интернет страница: www.rimadima.org, е одобрен во рамките на програмата на EU - INTERREG IIIB CADSES Neighbourhood Programme (Link: http://www.cadses.net). Во рамките на оваа програма, проектот припаѓа на приоритет 4: Заштита на животната средина, управување со ресурси и превенција на ризици. Во проектот, покрај нашата држава учествуваат уште 6 европски држави: Италија, Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија и Србија, а вкупно има 11 проектни партнери. Од нашата држава во овој проект учествуваат: Шумарски факултет во Скопје (проектен партнер 7) и ЈП Паркови и зеленило, Скопје (проектен партнер 8). Времетраење на проектот е од 1 јули 2006 г. до 31 август 2008 г. на транснационално ниво, а во нашата држава од 22 август 2007 г. до 21 октомври 2008 г.

    Општа цел на проектот:

    Подобрување на превенцијата од ризици од природни непогоди преку разни мерки.