ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток
ПОШУМУВАЊЕ НА МЕСНОСТА „ТРИ КРУШИ“ - 26 МАРТ 2010
ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ЗАЕДНО СО ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ИЗВЕДЕ ПОШУМУВАЊЕ НА „ТРИ КРУШИ“
Шумарскиот факултет во Скопје на 26 март 2010 година изврши пошумување на културно-верскиот и рекреативен центар „Три Круши“ во населба Драчево, Скопје.
Наставниот и соработничкиот кадар на факултетот, студентите од сите студиски години, заедно со дипломатскиот кор во Република Македонија засади повеќе од 500 садници од јасен- донација од Шумарскиот факултет, на претходно подготвена почва од страна на ЈП „Македонски шуми“, логистичка поддршка на локалните власти на општина Кисела Вода и град Скопје, дел од ресорните министерства, а на покана на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“.
Тоа беше прилика за студентите на насоките Шумарство и Озеленување и унапредување на животната средина да го покажат нивното практично познавање стекнато за време на наставниот процес, но и да им посочат на терен на големиот број делегати на дипломатско-конзуларните претставништва во нашата земја како правилно да засадат дрвце и да го дадат својот придонес кон поздрава и пошумена Република Македонија.
Покрај редовните теренски активности на Шумарскиот факултет во Скопје за време на образовниот и научен процес, како единствена високообразовна и научна институција од областа на шумарството кај нас, ова беше и можност за продлабочување и иницирање на уште поголема соработка со сродните меѓународни наставно-научни институции, особено со оние од соседството и земјите со високоразвиено шумарство, преку соодветните амбасади.
За одбележување се и симболичните подароци што студентите им ги доделија на сите претставници на амбасадите кои засадија дрвце- заштитниот амблем на Шумарскиот факултет во Скопје.
Подготвил Пом. асс. инж. Бојан Симовски
Фото: Марко Тасевски, ДРЕН
box
box
box
box
box
box
box
box
box
box
box
box
box box