ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток ~ вести, збиднувања...
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКО КАТЧЕ СКОПЈЕ
Американското катче Скопје е ресурсен центар кој е отворен во партнерство со Владата на САД.
Во понеделник, 14.V 2012 година, со почеток во 10 часот во амфитеатарот на УКиМ Шумарски факултет во Скопје се одржа промотивен час на Американското катче во Скопје при Амбасадата на САД во Република Македонија.
Целта на овој промотивен настан беше запознавање со услугите и ресурсите кои ги нуди Американското катче, а се достапни без никаков надомест на потенцијалните членови.
Имено, на промотивниот час накусо се образложи за услугите и придобивките од членувањето, истражувачките ресурси до кои членовите имаат пристап, културната програма и библиотечниот фонд, како и за EducationUSA центарот, програмите на размена на американската влада и за советувањата за образование во рамките на овој центар.
Подготвил: Асс. м-р Бојан Симовски
14.V 2012
box box