ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток ~ вести, збиднувања...
ПРОФ. Д-Р НИКОЛА НИКОЛОВ ЕДЕН ОД ДОБИТНИЦИТЕ НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА „ЗЕЛЕНА ЅВЕЗДА“
Голема чест за УКИМ Шумарски факултет - Скопје: на 2 септември 2013 година во Женева беа доделени наградите „Зелена ѕвезда“.
Одбрана група на истакнати поединци и организации од целиот свет, кои биле соочени со итни случаи од областа на животната средина, кaко што се нуклеарната катастрофа Фукушима и ураганот Сенди, шумските пожари и климатските промени, имаше чест на 2 септември 2013 година во Женева да ја прими наградата „Зелена ѕвезда“.
Доделувањето на наградата Зелена ѕвезда e заедничка иницијатива меѓу Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за координација на хуманитарните прашања (OCHA), Меѓународниот зелен крст (GCI) и Програмата за животна средина на ОН (UNEP).
Овогодишни добитници се: Црвениот крст на Кенија, Заедничка награда: д-р Никола Николов (Македонија), г-дин Сундар Прасад Шарма (Непал) и проф. Сергиј Зибцев (Украина), Градоначалникот на Кацурао г-дин Масахиде Мацумо (Јапонија), Единиците на Њујорк за отстранување на урнатините од ураганот Сенди, Заедничка награда: World Wildlife Fund и Црвениот крст на САД, а сер Дејвид Атенбороу ја доби наградата за животно дело.
Наградата се доделува на секои две години, а оваа година се одбележуваше дваесетгодишниот јубилеј.

Повеќе информации на:

http://www.gcint.org/green-star-awards

http://www.gcint.org/green-star-award-winner-professor-nikola-nikolov

Подготовил: Асс. м-р Бојан Симовски
12.IX 2013
box
box box