ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје      (02) 3135033
MK EN
--------------------
--------------------
--------------------
--------------------
на почеток
ЗЕЛЕНА ЛИЧНА КАРТА НА ДЕНДРОПАРКОТ со примена на современи геоматски техники
Членови на ДРЕН - здружението на студенти на Шумарскиот факултет во Скопје реализираше проект спроведуван од УКИМ-Шумарски факултет во Скопје, финансиран во рамки на повикот „Предизвик за студенти иноватори“ од општина Гази Баба во Скопје објавен во 2018 г.
Цели и задачи
Основна цел на проектот беше да се изврши инвентаризација (попис) на дрвенестите и грмушести видови во дендропаркот на Шумарскиот факултет во Скопје со детални податоци за нивната локација, карактеристики (вид, научен и народен назив, височина на стебло, пречник на дебло на градна височина, присуство на болести, штетници или оштетувања и сл.). Со тоа добивме целосен увид за состојбата на дел од зелените површини на територија на општината Гази Баба, а кои имаат не само пошироко јавно значење, туку имаат и своја показна вредност за студентите на факултетскиот кампус. Со добиените податоци се продолжува веќе започнатиот процес за зелен катастар на град Скопје, но уште поважно, се отпочнува создавање датабаза која е веќе достапна на јавноста преку соодветна ГИС-веб платформа. Повисока цел од стратешко значење на проектот е развивање и надоградување на свеста за важноста на зеленилото во урбаната средина, за важноста на животната средина и за одговорноста кон зеленилото на населението. Освен тоа, се овозможи стручно и едукативно запознавање со карактеристиките на дрвенестите и на грмушестите видови во дендропаркот во Општина Гази Баба. Во изработката на проектот беа вклучени 4 (четири) студенти – волонтери и 2 (два) професори во својство на ментори, со чија поддршка се извршија активностите при реализацијата на проектот. Времетраењето на изработката на проектот беше три месеци.

ПРВА ФАЗА

ВТОРА ФАЗА

ТРЕТА ФАЗА

Изработка на полигони во дендропаркот и
собирање на ГПС-координати за сите единки

Собирање на најважните карактеристики (атрибути) на единките

Внесување на собраните податоци во ГИС-платформа

Изработка на датабазата со сите собрани податоци

Контрола на внесените податоци и прикачување на интернет-страница, дизајн на брошура/флаер за дендропарк

Организација на завршна презентација и
завршна презентација на проектот

Методологија
Методологијата на истражувачката работа се состоеше од два дела: теренско истражување и анализа и обработка на податоците. Од потребните материјали за теренското истражување се користеа GPS-уред, беспилотно летало (дрон) за рекогнисцирање на површината на дендропаркот, преносен компјутер, инструмент за одредување на височина на дрвјата (висиномер), инструмент за мерење дијаметар на дебло (клупа), претходно подготвени табели во кои што се внесуваа измерените податоци. Од потребните материјали за анализа и обработка на податоците се користeше лабораторијата за современи геоматски техники на УКИМ-ШФС во соодветен софтвер во кој се внесуваа и обработуваат податоците собрани од теренското истражување. При целокупната работа во текот на проектот студентите беа под надзор од нивните ментори, секој стручен во својата област.
Резултати
Иновативниот истражувачки процес и резултатите добиени од овој проект беа основа за долгорочна употреба од аспект на образованието на студентите од студентскиот кампус во општината. Освен тоа, резултатот од проектот овозможува подигнување на свеста кај населението за урбаното зеленило и неговото еколошко позитивно влијание врз животната средина. Проектот беше презентиран пред останатите студенти, професори и сите релевантни и засегнати чинители, на тој начин што тековните случувања и специфичности (како и можните проблеми и решенијата за нив) беа опфатени и елаборирани при изработката на претходно наведените фази во проектот. После успешното извршување на секоја фаза, беше изработен извештај во кој што беа опфатени сите изработени активности и истиот беше доставен до Општината и Шумарскиот факултет во Скопје како знак на транспаретност при работата. По комплетирањето на проектот беше организиран отворен настан – презентација на проектот пред сите релевантни чинители со медиумска покриеност (Општина Гази Баба, Факултетите во рамките на општината: Шумарски факултет, Факултет за земјоделски науки и храна, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно-математички факултет и Факултетот за ветеринарна медицина, студентите, локалното население, претставници од институции и претпријатија со сличен струков интерес и др.). Со иновативниот процес се добиени следните резултати: Создадена датабаза, атрибутни табели и собрани ГПС-координати, собрани атрибути на сите единки опфатени во истражувањето, внесени податоци во ГИС-платформа и јавно достапни на интернет, изработени флаери/брошури, создадени „online“ и печатени карти за различните атрибути на стеблата во ГИС-платформа.

РЕЗУЛТАТИ

ПЛАНИРАНИ

ОСТВАРЕНИ

создавање на полигони и собирање на gps координати

создадена датабаза, атрибутни табели и собрани ГПС-координати

собирање на најважните атрибути (карактеристики) на единките

собрани атрибути (карактеристики) на единките

внесување на собраните податоци во ГИС-платформа

внесени податоци во ГИС-платформа

изработка на флаери/брошури

изработени флаери/брошури

контрола на внесените податоци и прикачување на интернет-страница

извршена контрола и прикачени податоци на интернет-страница

 

создавање на онлајн-карти за разни атрибути на единките во ГИС-платформа

 

создавање на печатени карти за различните атрибути на видовите во дендропаркот

завршна презентација

завршена презентација на проектот

Зелената лична карта на дендропаркот во ГИС-платформа изработена за време на проектот може да ја погледнете на следниот линк: ЗЕЛЕНА ЛИЧНА КАРТА НА ДЕНДРОПАРКОТ.
Тридимензионалниот модел на дендропаркот изработен за време на проектот може да го погледнете на следниот линк: 3Д-МОДЕЛ НА ДЕНДРОПАРКОТ.
Брошурата изработена за време на проектот може да ја преземете од следниот линк: БРОШУРА.
Датабазата на ГИС-софтверот е од отворен карактер, така што резултатите добиени од проектот ќе можат да се користат од страна на: општината, факултетите, студентите, комуналните претпријатија, невладините организации, медиумите, стручната јавност и сите струкови организации и инситуции кои имаат потреба од ваков тип на датабаза.
Добиени сознанија
Со изработката на овој проект, општината Гази Баба има детален преглед на сите дрвенести и грмушести видови кои се наоѓаат во дендропаркот при Шумарскиот Факултет во Скопје и со тоа целосен преглед на нивните најважни карактеристики како и предности и недостатоци. Со ваков увид, имаме можност за подобро управување и заштита на зелените површини, како и можност за подобрување на јавните зелени површини, каде може, каде треба и каде не треба да се вршат градежни/водоводни и останати зафати како не би се нарушил балансот на зеленилото во општината. Оттука произлегува дека проектот има краткорочни и долгорочни цели:
- Изработка на јавен достапен катастар на зеленило,
- Зголемена транспарентност во работата на Факултетот и Општината,
- Подигнувања на јавната свест за потребата од вложување во јавното зеленило,
- Осигурана одржливост преку вложување во околината,
- Едукација на граѓаните за природните богатства на дендропаркот и општината,
- Одржливо управување со зелените површини и дрвја,
- Контролирани и плански зафати за уредување и одржување на зелените површини,
- Зголемување на зелениот фонд и квалитетот на дрвјата и зеленилото,
- Намалување на проблемот околу водење евиденција и бројните барања за сечење/отстранување на стебла/гранки/грмушки на општинската администрација,
- Сигурност за поздрава и поубава општина и околина за идните генерации,
- Подобрување на образованието на студентите во рамките на студентскиот кампус,
- Можност со извршената инвентаризација, во иднина да се направи валоризација на природните вредности и уникатноста на дендропаркот, како би можел понатаму да се прогласи за подрачје од посебен интерес за општината и Градот Скопје.
Проектен тим
box
Доц. д-р Иван Минчев, ментор-лидер
Експерт за геоинформатички системи и далечинска детекција
УКИМ-Шумарски факултет во Скопје
Контакт: е-пошта
box
Доц. д-р Бојан Симовски, ментор
Експерт за урбана дендрологија
УКИМ-Шумарски факултет во Скопје
Контакт: е-пошта
box
Мартина Георгиевска, студент на пејзажно дизајнирање
Фокус на препознавање на карактеристики и атрибути на дендрофлората и дизајн на брошура/флаер
ЗСШФ ДРЕН, Скопје
Контакт: е-пошта
box
Бојан Михајловски, дипл. инж. по шумарство
Фокус на користење современи уреди за прецизно мерење на дрвни и грмушести видови
ЗСШФ ДРЕН, Скопје
Контакт: е-пошта
box
Александра Петковиќ, студент на пејзажно дизајнирање
Фокус на организација и презентација на заедничкиот истражувачки процес
ЗСШФ ДРЕН, Скопје
Контакт: е-пошта
box
Ѓорѓи Вивков, студент на екоинженеринг и екоменаџмент
Фокус на современи геоинформатички техники и технологии
ЗСШФ ДРЕН, Скопје
Контакт: е-пошта
Фото-галерија
box box box box
box box box box
Контакт информации:
Здружение на студенти на Шумарски факултет „Дрен“ Скопје
ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје
Тел: (02) 3135 033, л. 143
Е-пошта:
       dren@sf.ukim.edu.mk
Интернет-страница:
       http://www.sf.ukim.edu.mk/dren.htm
       http://www.sf.ukim.mk/dren.htm
       https://dren2017.wordpress.com
       https://www.facebook.com/ngodren
box box