|  |  |  | 
					
						
							|  |  
							|  |  
							| ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРВАТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЛОБАЛНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ |  
							|  |  
							|  |  
							| Во организација на три факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поточно на Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за земјоделски науки и храна и на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, ќе се одржи првата студентска конференција за глобални климатски промени. |  
							|  |  
							| На 29 и 30 октомври оваа година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје ќе биде одржана првата студентска конференција за глобални климатски промени (СКГКП), во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |  
							|  |  
							| Главна цел на конференцијата е подигнување на свеста за климатските промени, особено кај студентите кои како идни ветеринарни доктори, земјоделски и шумарски инженери ќе треба да изнајдат решенија за бројните проблеми со коишто се соочува модерниот свет.
Преку научно-истражувачка дејност, студентите се поттикнуваат да работат на проекти кои се поврзани со климатските промени, истите да ги презентираат и дискутираат со што се придонесува за понатамошно развивање идеи поврзани со можностите и потенцијалот кои овие области ги нудат. |  
							|  |  
							| На конференцијата ќе може да учествуваат студенти од сите три циклуси на студии, претставници од академската средина но и компании чија дејност е поврзана со темите на конференцијата. Работен јазик на конференцијата е македонски јазик, а рецензираните трудови ќе бидат објавени во зборник на трудови од конференцијата. |  
							|  |  
							| Подробности во врска со првата студентска конференција за климатски промени може да се погледнат во званичниот повик, упатството за изработка на трудови и на промотивниот постер. |  
							|  |  
							|  |  
							|  |  
							|  |  |  |  |     |  |